Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарките на Куманово играат одлично по зимската паузата и ја забележаа втората победа во низа. Овој викенд беа подобри од тимот на Пониква со резултат 34:62, а во минатото коло го победија лидерот на табелата Шкупи со резултат 63:57.
Зимската пауза беше искористена за промени, па женскот кошаркарски колектив доби нова управа и подршка од општината. Следуваше промена на тренерската позиција, тимот го презема Мартин Антевски и доби 3 засилувања. Александра Петрушевска, Стефанија Костадинова и Теа Алексовска се кошаркарките кои недостасуваа за да почне ЖКК Куманово да бележи позитивни резултати.
Во победата против Пониква, Александра Петрушевска постигна 15 поени а Софија Норска го заврши натпреварот со 11 поени.
Во следното коло ЖКК Куманово го пречекува Пелистер.