Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Раководството на ракометниот клуб „Куманово„ денеска на прес-конфернција информираше за големата победа што синоќа ја извојуваа, над директниот ривал РК „Пелистер„ од Битола.
По цели 20 години успеваме среде Битола да го победиме непобедливиот Пелистер во вториот натпревар од Плеј-офот со резултат 21-24. Со оваа победа на гости се наоѓаме на прво место со ист број на бодови со екипата а РК „Вардар-ПРО„, по 2 одиграни кола. Оваа прилика ја користам да ги потсетам и да ги повикам нашите сограѓани, утре 13.04.2012 година на Велики петок во 18.30 часот во Спортската сала во Куманово да дојдат и да ни дадат подршка во дуелот Куманово-Овче Поле, кој значи борба за влез во полуфинале од Купот на Република Македонија, со што ќе направиме голем успех. Сакам да потенцирам дека не респектираме никого, а посебно не дома на домашен терен- рече Мартин Костовски претседател на клубот.
Влезот за натпреварот е слободен.