Кожув - Куманово, борба за деветтата позиција на табелата
11.03.2022 08:41
| Стефан Николиќ
Кошаркарите на Куманово утре му гостуваат на тимот на Кожув, во рамките од 18.коло од домашното првенство.

Имајќи го предвид идентичниот скор на табелата, овој натпревар ќе има свој придонес во борбата за деветтата позиција на табелата. Кожув има 5 победи и 12 порази, а Куманово е веднаш зад нив со 4 победи и 13 порази.
Во првиот натпревар, Кожув триумфираше со 4 поени предност, па Куманово треба да размислува и на победа со повеќе од 5 поени за да оствари подобар меѓусебен дуел.
Натпреварот се игра во недела и започнува во 18 часот.