×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово“ го победи „Коњаре“ со 2:0 во тензичнa атмосфера предизвикана од навивачите на „Шкендија“

    08.04.2024 13:10 | Оливера Пешевска

    Фудбалерите на Градскиот фудбалски клуб (ГФК) „Куманово“ на натпреварот од Трета лига Север остварија победа од 2:0 над екипата на БВК „Коњаре“. 

    „Куманово“ го победи „Коњаре“ со 2:0 во тензичнa атмосфера предизвикана од навивачите на „Шкендија“

    Тоа предизвикало револт и тензии кај навивачите на нивниот директен конкурент за првото место на табелата ФК „Шкендија“ од Арачиново, па на 20 минути пред завршување на натпреварот тие ја нападнале домашната публика, по што бил напреван 30-минутен прекин на играта.

    Стручниот тим на ГФК „Куманово“, тврди дека мечот бил одлично организиран од домаќинот и обезбедуван од  МВР, а инцидентот го предизвикале навивачите.

    „На стадионот во селото Средно Коњари, скопско, имаше домашна публика која навиваше фер и коректно, но и навивачи од Арачиново кои цело време вршеа притисок на нашите фудбалери, што е недозволиво во фудбалот. По напуштањето на стадионот навивачите од Арачиново ја нападнаа домашната публика и месното население, по што дојде до прекин на натпреварот и да немаше полиција во голем број, кој знае што ќе се случеше. Очекувано на крајот победивме, што и не е изненадување, ако се знае дека сме најквалитетна екипа“, истакна потпретседателот на клубот,Тони Раденковиќ.

    ГФК „Куманово“ останува лидер на табелата, но ФК „Шкендија“ е на второ место со само еден бод разлика. До крајот на првенството на кумановци им остануваат уште седум натпревари, од кои наредните два ќе ги игра на домашен терен. Тимот со најмногу бодови ќе оди директно во Втора лига, а за тоа место амбиции имаат двата клуба.

    Иако, домаќините на натпреварот БВК „Коњаре“ влегле мотивирано во мечот, кумановци веќе на стартот го дале првиот гол. Во текот на првото полувреме имале уште неколку шанси за погодок, кои не успеале да ги реализираат. Во второто полувреме постигнале уште еден гол, за конечен резултат БВК „Коњаре“ - ГФК „Куманово“ од 0:2.

    Во билтенот на МВР,  стои дека вчера околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК "БВК Коњаре" и ФК "Куманово", на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот, по што натпреварот бил прекинат.