Куманово го пречекува Кожув
07.02.2020 14:26
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово, во рамките на петнаесетото коло од домашниот шампионат, утре го пречекува составот на Кожув.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на училиштето „Перо Наков“, со почеток во 18 часот.
Претходно КК Куманово постигна победа против екипата на Вардар на гостински терен со резултат од 89:85.