Куманово гостува на Работнички за продолжување на победничката серија
29.04.2022 09:33
| KumanovoNews
По победата над ФМП Академија со резултат 88-84, екипата на Куманово оди на гостување по шестиот триумф во низа против Работнички од Скопје.

Работнички во претходното коло беше поразен од Ангели со резултат 72-64.
Натпреварот е закажан за сабота во салата Кале, со почеток од 18:30.