×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово испушти полу-финале против Фени

    23.03.2012 22:04 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово го завршија натпреварувањето во Купот на Македонија одкако изгбија од Лирија со резултат 90-85.

    Куманово испушти полу-финале против Фени

    Екипата на Лирија имаше максимални 13 поени разлика во првиот период, но одкако Куманово успеја да ја стопи разликата, до крајот на натпреварот ниту една екипа не направи забележителна разлика.

    Куманово уште еднаш покажа дека има лоша завршница на натпреварите посебно доколку тие се играат на „гостински“ терен.

    Додавањето на Микиќ кон Костовски кога беше во чиста ситуација под рекетот а пасот резултираше со шут за три поени, шутот за три на Јањушевиќ преку човек, наивното додавање на Микиќ кон Луковиќ додека Матиќ беше сам на спротивната страна се дел од причините кои му донесоа негативен резултат на Куманово. Иако кумановчани имаа 43 скока, наспроти 26.на Лирија, 18 поени од втора шанса, две грешки помалку и шест блокади тие на крај се поразени во овој натпревар со што сезоната за нив и официјално завршува.

    Најефикасни поединци во Лирија беа Карлос Морбан, Тони Симиќ и Балса Радуновиќ со 21 поен, притоа Морбан имаше 8 асистенции а Радуновиќ 11 скока.

    Во тимот на Куманово Урош Луковиќ имаше неверојатна партија засенувајки ги двата центри на Лирија со 22 поени и 16 скока. Дарко Матиќ постигна 21 поен и 5 скока.