Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово славеше над КК Берое со 93:80, по одличното прво полувреме кое им припадна на избраниците на Игор Ѓорѓиевски со 42:31.
Првиот квартал беше на висина на задачата во нападот со 29 постигнати поени, но и со 22 примени. Во вториот дел се зголеми разлика и по 23:19 Куманово на одмор замина со високи 11 позитива.
Следното полувреме понуди мал отпор на гостите од Бугарија кои ја добија 3/4 со 16:18 и минимално ја намалија предноста. Сепак, победата „мораше“ да остане кај домашната екипа, па сино-белите одиграа рутински во последниот дел и го добија со 25:21.
Најефикасен во тимот беше Бранислав Џекиќ со 23 поени, а имаше и 3 асистенции и 8 скокови. Зад него, МВП за месец јануари, Отис Ливингстон постигна 22 поени, а додаде 8 асистенции со 3 украдени топки. Одлична партија зад себе остави и Александар Андрејевиќ кој постигна 21 поен и оствари 5 скокови.
Младиот кумановец, Милош Јовановиќ доби простор во денешниот натпревар и постигна 6 поени.
Ова е 6-та победа во 10-те одиграни рунди за конечна втора позиција во групата.
(Д.Д.)