Куманово против Лирија во Купот на Македонија
23.03.2012 11:05
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово вечерва во 20:30 ќе одиграат натпревар од Купот на Македонија кој се одржува во СЦ Борис Трајковски во Скопје. Противник ќе ни биде големиот ривал Лирија од Скопје.

Вечерва се игра четврт-финалната фаза од натпреварите, а победникот од овој дуел ќе игра против победникот од натпреварот Кожув - Фени Индустри.
Вчера беа одиграни два натпревари во кои Торус го совлада Работнички со 80-74, а Вардар загуби од МЗТ Скопје со резултат 79-91, со што е формирана првата полуфинална двојка.