Куманово со лесна победа над Кожув
10.02.2020 09:26
| KumanovoNews
КК Куманово на домашен терен, во рамките на домашниот шампионат, забележа значителна победа против Кожув со резултат 79:67.

Иако во првата половина од натпреварот Куманово замина со разлика од само четири коша (41-37), сепак кон крајот од натпреварот, иако гостинот се држеше добро, успеаја да победат со разлика од 12 гола.
Во КК Куманово најефикасни беа Атанасов со 21 и Стојановски со 19 кошеви.
Во наредното коло кошаркарите на Куманово ќе играат со екипата на МЗТ Уни Банка Скопје која во домашното првенство досега нема забележано победа.