Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Андрија Марјановиќ е новото засилување на Куманово со кое ќе се обидат во недела да забележат победа против тимот на Еуро Никел од Кавадарци.
Фото: Mega Bemax/Ivica Veselinov
Српскиот интернационалец има 23 години, игра на позициите 2-3 и во својата кариера настапувал во младинскиот тим на Барселона, младинската репрезентација на Србија со која има злато на Европско првенство до 18 години, а во сениорската кариера играл за Мега, Беовук, Слобода Ужице, Златибор и Металец.
Еуро Никел ќе дојде по победа бидејќи се наоѓа на шесттата позиција на табелата со 10 победи и 8 порази колку што има и Феникс 2010 кој е на седмото место.
Натпреварот се игра во недела во 18:30.