Куманово загуби од Теодо, утре игра против Пелистер Спорт
28.02.2014 13:11
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово го загубија вчерашниот натпревар од екипата на Теодо Тиват со резултат 92:108.
Гостите од Црна Гора го одиграа најдобриот натпревар оваа сеозна во кој го декласираа домаќинот со одличен шут од далечина. Доказ за тоа е последниот период, каде што гостите постигнаа дури 38 поени.
Утре во Куманово пристигнува последнопласираниот Пелистер Спорт против кого Куманово речиси сигурно ќе ја прекине негативната серија на резултати. Екипата од Битола сеуште нема победа во досегашниот дел од првенството.
Натпреварот се игра во сабота во Спортската сала во Куманово со почеток од 19 часот.