Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го совладаа големиот ривал Работнички, со што си ги зголемија шансите за настап во Плеј-оф. Резултатот на крај беше 92:98.
Неизвесен меч со многу промени на водството, е наједноставниот опис на овој меч. Куманово успеја да направи серија од 13-0 во последниот период и да ја превземе целосната контрола над мечот.
Урош Луковиќ потврдува дека се работи за квалитетен кошаркар кој е битен во играта на Куманово постигнувајки 26 поени и 13 скока. МВП на минатото коло Милан Јанушевиќ постигна 19 поени, Александар Костовски заврши со 16 поени а Дарко Матиќ со 15.
Поранешниот играч на Куманово Немања Јелисијевиќ постигна 31 поен во тимот на Работнички, а единствени расположени беа Јане Петровски со 24 поени, Ефтим Богоев со 19 поени и Милош Павловиќ со 15 поени.
Денеска Фени беше поуспешен од Торус со резултат 75:67 а утре се игра мечот помеѓу МЗТ Скопје и Лирија.
Куманово има 31 поен, и доколку утре Лирија загуби на гостувањето во Аеродром, тогаш двата клуба ќе имаат ист број на бодови и ќе ја поделат четвртата позиција, која води во Плеј-оф разигрувањето.