Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ведран Рангелов, Глигор Доневски и Јаков Кузмановски, членови на кадетската екипа на пингпонгарскиот клуб „Куманово“, викендов учествуваа на Државното поединечно првенство во пинг понг за кадети У15 во Струмица.
„Во конкуренција на 32 пингпонгари Ведран Рангелов е меѓу осумте надобри, односно го дели петото место и со овој резултат избори право да учествува во ТОП 8 за кадети, што ни беше и главната цел на на оваа првенство. Посебно ме радуваат се` подобрите игра и постигнатите резултати на Глигор Доневски и Јаков Кузмановски, кои се меѓу 16 и го делат деветото место“, вели тренерот на Пинг понг клуб „Куманово“ Мики Трендафиловски, кој целосно е задоволен од играта и од резултатите на младите пингпонгари во овој циклус на натпревари, но смета дека секогаш може и треба повеќе.
Пингпонгарите се изборија да бидат дел од Државното првенство, откако шест недели учествуваа на сите бодовни Мастер турнири во различни категории, кои се играа секоја сабота и недела.