Кумановските боксери на првенство во Штип
30.03.2012 11:53
| KumanovoNews
Боксерскиот клуб „Баргала„ од Штип, викендов ќе организира поединечно првенство на бокс, на кое ќе учествуваат 13 екипи од државата.
Боксерскиот клуб „Фајтер„ од Куманово ќе настапи со подмладен состав, бидејќи 2/3 од стандардните првотимци од оправдани причини нема да боксираат.
Боите на Куманово во Штип ќе ги бранат: капитенот Николче Митевски (64 кг), Мехмет Кадриу (91 кг) кг,Џемаил Сакиповски (56 кг), Емран Мустафи (69 кг),Бујар Османи (81 кг), и дебитантите Никола Димитриевски (60 кг) и Саше Ванчевски (75 кг).
Полуфиналето е утре во 17.30 часот, додека финалето во недела во 14 часот.