Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали освоија боксерите на БК ,,Фајтер,, Куманово на поединечно првенство на бо кс што викендов се одржа во Штип. БК „Фајтер„ е меѓу трите најдобра екипа во државата.
Златото го освоија боксерите Џемаил Сакиповски (60кг), Сашо Ванчевски (75 кг) и Мехмет Кадриу (+91 кг), сребрена медала донесе Николче Митевски (64 кг), а Никола Димитриевски, Бујар Османи и Емран Мустафи се закитија со бронзени медали.
Беа прогласени и најдобрите 3 боксерски клуба во Македонија за сезоната 2011/12 во конкуренција на 14 екипи најдобри се
1. БК ,,Тернипе,, Скопје 110 поена
2. БК,, Фајтер,, Куманово 105 поена
3.БК,, Охрид,, Охрид 80 поена