Кумановските ракометари добија засилување од Србија
08.08.2022 11:02
| Сузана Николиќ
Вучко Мрвовиќ од Смедеревска Паланка е новото засилување на Машкиот ракометен клуб Куманово.

Информацијата за новиот играч кумановските ракометари вчера ја споделија со јавноста.
„Вучко се прилагодува во нашата екипа и има позитивни очекувања за предстојната сезона“, соопштуваат од Клубот.
Вучко Мрвовиќ е 21-годишен српски младински репрезентативец висок 196 см, кој потекнува од Смедеревска Паланка и има настапувано за екипите на Рудар Костолац, Раднички Крагујевац, Спартак Војпут и Суботица. Тој во својата кариера има интернационално искуство, бидејќи има настапувано за грчкиот суперлигаш Филипос Верија.