Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските ракометарки, денес, покажаа како се игра со срце на домашниот терен и успеаја во тешката игра против екипата на Вардар да ја впишат и осмата победа во рамките на Првата женска лига, со резултат 27:24.
На почетокот од натпреварот, Куманово започна со одличен напад и со добра одбрана и на само 6 минути од почетокот резултатот беше 4:0 за нашите ракометарки.
Иако во текот на играта, резултатот варираше, а Куманово во 21 минута беше во водство со резултат 11:7, сепак на крајот од првото полувреме, техничките грешки кумановските ракометарки ги доведоа до победа од само 3 гола разлика, 13:10.
Во второто полувреме, играта постојано беше неизвесна, па некаде околу 14-тата минута нашите ракометарки беа само 2 гола во водство, односно со резултат 20:18.
Немањето на добра изградена акција и брзањето во натпреварот, нашите ракометарки на само минута и пол до крајот од натпреварот ги донесе само до 2 бода разлика 25:23.
За потоа добриот напад и бодрењето од публиката да придонесе за победа на ЖРК Куманово со резултат 27:24. Oвој натпревар немаше да биде тоа што е без 13 интервенции на голманот Кoсановиќ.
Наредниот натпревар ЖРК Куманово ќе го игра против екипата "Овче Поле" на гостински терен, а одлучувачкиот меч за освојување на титулата ќе го игра против екипата на Металург на домашен терен.