Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Репрезентацијата на Македонија го загуби првиот натпревар на предолимпискиот турнир против Ангола со 84-88. Селекторот Марјан Лазовски, на прес-конференцијата по мечот, ја честиташе победата на африканскиот состав, напоменувајќи дека ништо не е загубено и тимот е се уште самоуверен.
Ангола беа подобри од нас и ја заслужија победата. Водеа уште од првата четвртина, тактички одиграа подобро од нас и им честитам за победата. Со Нов Зеланд, ние ќе бидеме посконцентрирани, ќе се обидеме да исправиме некои грешки што ги направивме вечерва и верувам во победа. Ништо не е загубено, ние и натаму сме самоуверени-рече селекторот на македонската репрезентација Марјан Лазовски.
Репрезентацијата на Македонија вечерва го игра вториот меч во групата каде противник е Нов Зеланд. Натпреварот во „Полиедро“ е закажан за 20.00 часот.
За крај на натпреварите во групата, во среда, Нов Зеланд ќе се сретне со Ангола.