×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија домаќин на Европското ракометно првенство ?

    06.06.2012 06:43 | KumanovoNews

     Македонија заедно со Србија и Црна Гора се подготвени заеднички да го организираат женското ракометно Европско првенство кое ќе се одржи од 4-16 декември годинава, а од чија организација вчера се откажа Холандија.

    Македонија домаќин на Европското ракометно првенство ?

    Неофицијални извори тврдат дека претставниците на РФМ, заедно со своите колеги од Србија и од Црна Гора ја известиле ЕХФ дека се подготвени да угостат по една од четирите групи (во Србија би имало две групи) и ветиле дека салите постојано ќе бидат полни, што на ЕХФ и е во преден план, кога се организираат вакви големи натпреварувања.

    Во РФМ уште вчера дојде писмо од ЕХФ со понуда за организација на првенството, но такво писмо стигнало до сите земји чии селекции се пласираа на завршницата.  Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски, бил на состанок во Владата, каде што се распрашувал дали државата би можела финансиски да помогне во организацијата на една група од ова ЕП. Идејата на трите земји била секоја да е домаќин на групата каде што би играла нивната селекција, а во Србија би се играле две групи, како и завршните мечеви – дуелите од втората рунда, и борбите за медал. Како предлог градови за домаќини на групите се наведени Скопје, Подгорица, Ниш и Белград.

    Според најавите од централата во Виена, ЕХФ во наредните две недели ќе реши кој ќе биде нов организатор на Европското првенство. Оттаму официјално објавија дека во конкуренција за домаќини, а можеби и ко-домаќини се наоѓаат Македонија, Србија, Хрватска, Данска, Исланд, Норвешка, Полска, Шведска, Русија и Словачка.

    Дека ЕХФ има желба првенството да се организира во повеќе од една земја, што би било за првпат во историјата, покажува и изјавата на Михаел Видерер, генералниот секретар на ЕХФ.

    „Почнуваме со процесот за избор на нов домаќин или ко-домаќини на ЕП 2012 и се надеваме дека ќе ја објавиме одлуката во наредните две недели“, изјави Видерер.