Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пауза од четири години Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство во Холандија откако во последниот меч од квалификациите вечерва на Кале со 27:24 ја совладавме селекцијата на Турција и како второпласирани во групата 4 со 8 поени влегуваме на европското првенство.
На полувреме резултатот беше 13:12. За разлика од нас Турчинките имаа многу подобар старт во натпреварувањето.
Во натпревар кој беше неизвесен до последените минути Македонија успеа да направи разлика од три гола 23:20 дури во втората половина од второто полувреме што не ја испуштивме шансата до самиот финиш.
Одговоривме на предизвикот успеавме да се вратиме и со конечни 27:24 да ја продолжиме низата настапи на Европските шампионати.
Во изборот на Стрезовски најдобра беше Николиќ со 10 голови а Андреева имаше 8 успешни интервенции.
Целиот овој период бевме под тензија. По триумфот на Литванија, тој притисок се зголеми, што се осети во нашата игра. Но јас верував во себе и во мојата екипа, и пресреќен сум на овој голем успех - рече селекторот Стрезовски.
Во вториот меч Франција убедливо со 38:26 ја победи Литванија и со 10 поени заврши како првопласирана во нашата група, додека Турција остана на третата позиција со 4 поени а Литванија последна со 2 бода.
Ждрепката за групите во Холадија ќе биде на 6 јуни.