×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меморијален турнир во мал фудбал ќе се одржи во Пчиња, пријавување на екипите е во тек

    03.08.2023 14:54 | Оливера Пешевска

    Во селото Пчиња на 19 август ќе започне седмиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Милко Илевски 2023“. Планирано е турнирот да трае 10 дена, но доколку има поголем број на пријавени екипи можно е да се продолжи на две недели.Натпреварите ќе се играат на тартан подлога на игралиштето на училиштето во Пчиња. 

    Меморијален турнир во мал фудбал ќе се одржи во Пчиња, пријавување на екипите е во тек

    „По минатогодишниот успех, како спортски настан за 2022 година и се поголемата популарност, Општинскиот сојуз за спортови ќе обезбедува професионални судии од Фудбалската федерација на Македонија, кои ќе ги следат натпреварите. Лани имавме околу 35 екипи, бројка која ја очекуваме и на овој турнир“, изјави Столе Стојковски, член на раководството на ФК „Пчиња“.

    Интересот за учество на турнирот е голем, па за само неколку дена од објавување на јавниот повик веќе се пријавени околу 20 тима за учество. Повикот ќе трае до 15 август.       

    За најдобрите екипи обезбедени се медали и плакети, но и примамливи финансиски награди. За освојувачите на првото место ќе се доделат 100 илјади денари, на второпласираните 50 илјади и третопласираните 25 илјади денари.

    За учество се наплаќа котизација од 4.000 денари.За сите подетални информации заинтересираните клубови или спортски друшта можат да ги најдат на официјалните страници на ФК Пчиња.

    Организатори на меморијалниот турнир се ФК Пчиња, месната заедница и семејството на Илиевски. Средства за организирање на турнир во мал фудбал се обезбедени од спонзорства на приватни фирми.