Можно е да се вратам во Интер
28.03.2012 14:37
| KumanovoNews
Мурињо повторно ги актуелизира шпекулациите за неговото враќање во тимот на Интер.

Секогаш постои можност да се вратите дома. Интер е мојот дом и би можел да се вратам еден ден. Јас сум фан на Интер, и жал ми е поради она што се случува, но се надевам дека работите ќе се подобрат следната сезона. Не верував дека победничката ера ќе заврши толку брзо. Но сигурен сум дека следната сезона ќе биде подобра, изјавил Мурињо.
Тој пред извесно време изјави дека и следната сезона ќе биде тренер на Реал Мадрид.