Нов кумановец во Тинекс Пролет
04.09.2015 09:39
| KumanovoNews
Даниел Трајчевски е нов ракометар на Тинекс Пролет.

Трајчевски има настапувано за РК Куманово, а минатата сезона играше за РК Охрид.
Со овој потпис, тој е четвртиот кумановец кој ќе игра во тимот на Тинекс Пролет. Засега во тимот од Скопје играат голманот Стефан Кимевски, бекот Љубиша Димковски и крилото Стефан Трајковски.