Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово е формиран нов машки ракометен клуб Хазена. Клубот и официјално започнал со работа викендов, кога ракометарите го одржале првиот тренинг во спортската сала.
Клубот го формираше група интузијасти кои го сакаат ракометот и кои се во ракометниот спорт последните 15 години. РК Хазена ќе започне со натпреварувањето од септември во Македонската прва лига. Приоритет на клубот ќе биде исто така и формирање на младински школи, кои би требало да отпочнат со работа во август оваа година, за што се обезбедени стручни лица со лиценца за работа со нашиот подмладок. Што се однесува до составот на екипата тој ќе биде исклучиво од домашни играчи, кои и досега биле докажани на ракометниот терен- се вели соопштението кое го потпишале Роберт Трајковски, претседател и Денис Хаурдиќ, секретар на клубот.