Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Алексеј Стојановски од Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово освои прво место на Отвореното првенство во тенис за јуниори и јуниорки до 12 години, кое викендов се одржа во Куманово, во организација на Тенискиот клуб ,,Тумба”.
„Стојановски во финалето играше против Иван Трпковски, од ТК „Чери“ - Скопје, и го победи со извонреден резултат 6:2 - 6:2 и стана шампион на турнирот. Со ова, Алексеј ја одбрани победничката титула на истиов турнир од минатата година“, соопштуваат организаторите.
Во женска конкуренција, првото место го освои Ива Остоиќ од „МТП“- Скопје, која ја победи Деа Крстевска од ТК Битола, со резултат 6:1 - 6:4.
На турнирот учествуваа околу дваесеттина јуниори и шеснаесет јуниорки од цела Македонија, но само најдобрите се пласираа во финалето.
Од ТК „Тумба“ во машка конкуренција учествуваа Алексеј Стошиќ, Алек Јакимовски и Калин Андов, додека во женска беа Зана Џемаили, Кјара Ивановска и Јована Спировска.
„Им упатуваме големи честитки на најдобрите, но и на останатите, кои имаа храброст да учествиваат и достојно го претставија клубот, како и секогаш и нека ова биде потстрек за уште поголеми достигнувања во оваа тековна сезона. Целокупниот турнир се помина во фер и спортска атмосфера, благодарение на јуниорите, кои пред сѐ, се пријатели, а потоа противници на турнирот“, соопштуваат од ТК „Тумба“.