Ново дерби во Куманово - ракометарките го пречекуваат Вардар
11.03.2022 08:58
| Стефан Николиќ
Ракометарките на Куманово во краток временски период ќе го одиграат и вториот дерби натпревар на домашен терен. Утре пристигнува уште еден фаворит за освојување на првенството, тимот на Вардар.

Тимот на Вардар вчера го забележаа првиот пораз во Супер-лигата од тимот на Ѓорче Петров. По одиграниот лоши натпревар сигурно ќе дојдат со мотив плус, да се вратат на победнички патеки.
Бранителот на титулата во првиот натпревар од Супер лигата го пречека Металург со кого одигра нерешено, а во останатите три меча забележа три победи.
Натпреварот се игра во сабота со почеток од 18 часот, во салата на училиштето Перо Наков.