Одличен успех на Вело-М во Крушево
10.07.2012 12:17
| KumanovoNews
На Државното ридско првенство на Македонија во велосипедизам, Вело М повторно беше убдедливо подобар од сите конкуренти.

На патеката Кривогаштани – Крушево во сениорска категорија, Ивица Давидовски го освои второто а Зоран Ристовски третото.
Во категорија јуниори Никола Ѓукиќ го освои второто место додека во категорија кадети државен првак на Македонија за 2012 е Андреј Петровски и вицешампион Денис Колевски.
Велосипедскиот клуб „Вело М„ од Куманово е лидер на во екипна конкуренција во Државнот првенство на Македонија во велосипедизам.