Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на пливачкиот клуб "Тумба" од Куманово, викендов учествуваа на Зимското државно првенство во пливање на Македонија, кое се одржа на базенот „Борис Трајковски“ во Скопје и постигнаа одличен успех.
На првенството биле пријавени вкупно 380 пливачи во машка и женска конкуренција, а браќата Марко и Никола Трајановски од ПК „Тумба“ остварија извонредни резултати.
„Никола Трајановски беше успешен и ги постигна следните резултати и пласмани во сениорска конкуренција: прво место на 200м. делфин, второ место - 50м. слободно, второ место - 100м. делфин, второ место - 50м. грбно, второ место - 100 м. грбно, второ место 50м. делфин и трето место 100м. слободно. Неговиот помал брат Марко Трајановски беше успешен на - 50 м. слободно - второ место во конкуренција на младинци, четврто место во сениорска конкуренција, 300м. делфин - трето место во сениорска конкуренција, второ место 2 место во младинци и второ место 200м. делфин сениорска конкуренција. Посебно задоволство ни беше за првата и втората победа на браќата Трајановски во трката на 200м. делфин“, изјави тренерот Далибор Димковски.На натпреварувањето учество зедоа и Теодора Божиновска, Теона Тодоровска во 100м. делфин и Маша Иванов учество на 50м. слободно.
На натпреварувањето учество зедоа и Теодора Божиновска, Теона Тодоровска во 100м. делфин и Маша Иванов учество на 50м. слободно.