Одложен е натпреварот помеѓу РК Куманово и Овче Поле
29.03.2012 13:04
| KumanovoNews
Полуфиналниот дуел од Купот на Македонија помеѓу екипите на Куманово и Овче Поле е одложен.

Причина за одложувањето на натпреварот е непланираната прозивка на младинската репрезентација каде Куманово учествува со неколку клучни играчи кои играат и во првиот тим.
Терминот за одигрување на натпреварот сеуште не е познат.