Одложен стартот на боксерската лига
25.03.2011 14:54
| KumanovoNews
Најавениот почеток на македонската боксерска лига е пролонгиран за неколку недели.

Наместо утре почетокот на пролетното првенство се поместува за средината на наредниот месец заради финансиски проблеми на дел од клубовите. Одлуката ја донела Боксерската федерација на Македонија.
Првото коло требаше да се одржи утре во Скопје, на кое учествуаат и боксерите од БК „Фајтери„.