×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КК Куманово не е во сопственост на општината, финансиските проблеми нека си ги решава клубот, порача Димитриевски

    03.05.2023 14:48 | Оливера Пешевска

    Финасиските проблеми кои што ги има Кошаркарскиот клуб „Куманово 2009“ се проблеми на клубот, Општина Куманово не е сопственик на овој клуб.  КК Куманово е приватен субјект или акционерско друштво кое што е регистрирано со имот и е сопственост на приватна фирма  од Куманово, кажа градоначалникот Максим Димитриевски на прашањето за превирањата во клубот и незадоволството што јавно го изразија играчите и стручниот штаб пред околу еден месец.

    КК Куманово не е во сопственост на општината, финансиските проблеми нека си ги решава клубот, порача Димитриевски Фото: Screenshot - Youtube

    Тој вели дека Општината во последните пет години во континуитет помагала за развој на младите категории, но нема контрола во финсиското работење на клубот .

    „Нас само не интересира каде се трошат општинските пари, на кој начин и за што се трошат. Доколку истите се трошат само за исплата на играчи и плаќање на трансфери на играчи тогаш Општината не може да си дозволи луксуз да финасира приватни спортски клубови. Ние средствата ги даваме во Општинскиот сојуз на спортови, а секој клуб поединечно треба да поднесе своја годишна програма за работа со која треба да докаже дали тие навистина работат на развивање на спортот и спортските дисциплини“, додава Димитриевски.

    Согласно Законот за финасирање на спортските клубови, секој клуб има право да добие ваучери од Агенција за млади и спорт. И нашиот кошаркарски клуб и сите останати клубови, согласно резултатите и организацијата што ја имаат поставено, и спортските резултати врз база на претходна категоризација од АМС добиваат одредени вредносни ваучери кои што подоцна ги употребуваат и влечат средства со кои ги плаќаат секојдневните сметки.

    „Зошто клубот е во лоша финасиска состојба и не може да ги исплати ни основните договори на играчите треба да се праша раководствот на клубот, почнувајќи од претседателот до сите членови на управниот одбор. Во многу ситуации општината се обидувала, во амките на можностите да помогне. Во овој момент давање на средства од Општина Куманово и трансферирање кон овој клуб мислам дека е многу дискутабилно и е доведено на линија на законитоста и затоа во овој момент Општина Куманово ќе се воздржи од било какви евентуални трансфери во иднина кон клубот, се додека самите не си ги расчистат работите“, кажа Димитриевски, кој додава дека клубот должи милиони само за неплатен персонален данок.

    Кошаркарите на КК Куманово неодамна го загубија трпението и заедно со членовите на стручниот штаб го кренаа гласот  и кажаа дека не им се исплатени  5 плати, тренираат во ладна сала која протекува, немаат тејпови за бандажирање, физиотерапевт, вода за пиење,  терапија за повредените играчи . Тие бараат ургентно решавање на наталожените проблеми,за да се спречи дополнително зголемување на незадоволството.

    Со годинешната распределба на пари од буџетот на Општината на КК Куманово се доделени 1,5 милиони денари, но засега нема исплата на средставата. Дополнително клубот има добиено ваучери од Агенцијата за млади и спорт во вредност од 4,5 милиони денари за 2023 година.

    Во јавноста, кон крајот на февруари беше објавено дека приватен инвеститор од Нов Зеланд е заинтересиран да го купи КК Куманово 2009. Информацијата предизвика надеж за спас на клубот и развивање и напредок на спортот во Куманово. Нема податоци до каде  е и дали ќе биде финализиран договорот.