Перо Антиќ е на пат кон шампионска титула
28.05.2012 14:35
| KumanovoNews
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ има шанса да стане трет интернационалец кој со својот тим дошол до шампионска титула.

Олимпијакос каде тој игра синоќа над Панатинаикос водеше 2-1 во финале каде се игра до три победи. На домашен терен на вториот меч резултатот беше 84-72.
Задутре е финалниот меч меѓу Олимпијакос и Панатинаикос во 18 часот.
Претходно браќата Војдан и Дамјан Стојановски освоија златен медал во Украина. Шанса за триумф има и нашиот Лестер Бо Мекејлеб.