Петровски трет во Босна
26.05.2012 12:14
| KumanovoNews
Нашиот најдобар велосипедист во Македонија, Стефан Петровски од Куманово освои уште еден медал на меѓународно натпреварување.

На трката „22 мај- Трофеј Тузла„ во Босна и Херцеговина Петровски го совои третото место, во конкуренција на 70 велосипедисти од Србија, Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Трката се возеше за ранг листа на Босна и Херцеговина, така што Петровски е трето рангиран во оваа балканска дрѓава.
Наредна трка на која ќе настапува Петровски е на 3 јуни во Белград за големата награда на Чубура.