Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пингпонгарите Андреј Васевски, Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски од ППК "Куманово" викендов се закитија со бронзен медал и го освоија третото место на Јуниорската државна лига за играчи до 19 години.
Тренерот Мики Трендафиловски вели дека овој резултат е плод на повеќе години континуирано работење со оваа млада екипа, која во својот развој имала и одредени промени во составот, но костурот на екипата останувал ист.
„Андреј Васевски (јуниор), Јаков Кузмановски (кадет) и Јаков Јакимовски (кадет) со просек од петнаесетипол години се носители на овој успех. Овие мои ученици години наназад се во врвот во јуниорска конкуренција, а во оваа натпреварувачка сезона го покажаа својот квалитет и во сениорска конкуренција. Од есен не очекува учество во Прва лига за сениори и ќе се натпреваруваат со далеку поискусни и докажани играчи. Предизвикот е пред нас, се надевам дека максимално ќе го искористиме. Воедно морам да истакнам дека ако не добиеме нова финансиска поддршка од Општината, тешко ќе може да се соочиме со овој предизвик“, кажа тренерот на ППК "Куманово" Мики Трендафиловски.
Предходно пингпонгарите освоија второ место во Втора лига за сениори и пласман во Прва лига за сениори.