Планинари од Куманово и Јагодина ќе се искачуваат на Караџица
30.05.2012 10:03
| KumanovoNews
Триесетина планинари од Куманово и Јагодина ќе се искачуваат на врвот Солунска Глава на Караџица во петок, сабота и недела.

Планирана е традиционална посета на Титов Врв. Барем еднаш месечно се случува гости од други клубови да дојдат во Куманово и заедно со Спортско планинарскиот клуб “Козјак“ да престојуваат во планинарските домови во земјава.
Од “Козјак“ потенцираат дека секој викенд планинарскиот дом во село Длабочица е отворен за посетители.