×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пораз од Британија, следува Босна

    09.08.2010 13:11 | KumanovoNews

    Вчера Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Велика Британија по продлженија со резултат 104:96(87:87).

    Пораз од Британија, следува Босна

    Домаќинот имаше фуриозен старт на почетокот на натпреварот, па дојде и до двоцифрена разлика. Потоа следуваше консолидирање на нашите редови, за да на крајот од првото полувреме биде и само четири поени предност за Британците.

    И покрај проблемите со личните грешки, пред се браќата Стојановски и капитенот Антиќ, нашите репрезентативци успејаа да ја завршат третата четвртина со резултат 68:68. 

    Со поените на МекКејлеб на две и пол минути до крајот на натпреварот и седумте поени разлика, започнува драма на теренот во Њукасл. Британците постигнуваат поен по поен, а на резултат 85-84 за Македонија, фаулиран е Дарко Соколов кој ги погодува и двете слободни фрлања. Со 3 поени предност и 6 секунди до крајот Попс застанува на линијата за слободни фрлања, каде ги промашува и двата обида. Сепак, одбиената топка од заврши кај играчот на Чикаго, Луол Денг кој од 8 метри немаше проблем да го одведе натпреварот во продолжение. 

    Израмнувањето беше додатен мотив за Британците, кои доминираа во скокот и во првите минути од натпреварот направија предност од 5-6 поени. 

    Лестер Бо МекКејлеб дебитираше во дресот на Македонија со 30 поени, 2 скока и 4 асистенции, Мираковски изигра одлично со 17 поени, и Антиќ со 16.

    Очекувано кај Британците најдобри беа Денг и Менса Бонсу со 23 односно 27 поени, кои имаа помош од Саливан со 17 поени.

    Следниот натпревар Македонската репрезентација го игра во сабота, против Босна и Херцеговина во салата Борис Трајковски.