Последен натпревар на ракометарите на домашен терен
24.05.2012 00:29
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово утре во 18:30 го играат последниот натпревар на домашен терен. Противник е екипата на Овче Поле.

Со оваа победа нашите ракометари ќе се зацврстат на третата позиција, која ќе им донесе натпреварување во европските купови. Овче Поле е должник на Куманово, кога во нерегуларен натпревар успејаа да издвојуваат победа над Куманово.
Куманово на домашен терен беше два пати поуспешно од Овче Поле, во регуларниот дел од сезоната и од Куп натпреварите.
Раководството и тимот ги повикуваат сите љубители на ракометот да присуствуваат на овој натпревар. Влезот е слободен.