×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати учесниците на ЕП во ракомет во Србија

    13.06.2011 14:16 | KumanovoNews

     Со одигрувањето на натпреварите од последното 6.коло во текот на изминатиот викенд беше комплетиран списокот на учесници на Европското првенство за ракометари кое во јануари идната година ќе се одржи во Србија.

     

    Познати учесниците на ЕП во ракомет во Србија

    Покрај домаќинот Србија и актуелниот европски шампион Франција, на првеството ќе учествуваат двете првопласирани селекции од седумте квалификациски групи, а тоа се: Унгарија, Македонија, Хрватска, Шпанија, Полска, Словенија, Шведска, Словачка, Германија, Исланд, Норвешка, Чешка, Данска и Русија.

    Резултати од 6.коло и табели по групи:

    Група „1“: Македонија - Босна и Херцеговина 25:19, Унгарија - Естонија 34:27.

    Табела: Унгарија 12 бодови, Македонија 7, Естонија 4 и БиХ 1.

    Група „2“: Хрватска - Литванија 34:26, Шпанија - Романија 36:23.

    Табела: Хрватска 12 бодови, Шпанија 8, Литванија 4 и Романија 0.

    Група „3“: Полска - Португалија 30:22, Словенија - Украина 43:32.

    Табела: Полска 9 бодови, Словенија 8, Португалија 5 и Украина 2.

    Група „4“: Словачка - Црна Гора 36:21 и Шведска - Израел 28:17.

    Табела: Шведска 10 бодови, Словачка 10, Црна Гора 2 и Израел 2.

    Група „5“: Германија - Летонија 33:22 и Исланд - Австрија 44:29.

    Табела: Германија 10 бодови, Исланд 8, Австрија 7 и Летонија 0.

    Група „6“: Чешка - Холандија 38:26 и Норвешка - Грција 31:25.

    Табела: Норвешка 10 бодови, Чешка 8, Грција 5 и Холандија 1.

    Група „7“: Данска - Швајцарија 34:29 и Русија - Белорусија 35:27.

    Табела: Данска 10 бодови, Русија 10, Белорусија 4 и Швајцарија 0.