Првопласираната екипа ЖРК Куманово ќе гостува кај Стружанка
05.03.2020 14:42
| KumanovoNews
ЖРК Куманово вториот натпревар од пролетната сезона од Супер лигата ќе го игра против екипата на Стружанка, на гостински терен.

Натпреварот ќе се одржи во сабота во 13:30 часот.
На почетокот од оваа сезона, кумановските ракометарки постигнаа убедлива победа над екипата на Деспина со разлика од 28 гола, а резултат 42:14. Куманово сè уште се наоѓа на врвот на табелата со 39 бодови и без ниту еден пораз.