Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во спортската сала Куманово, во 18.30 часот, ракометарите на Куманово го пречекуваат Металург од Скопје.
Eкипата на Металург играше во осмина финалето во Лигата на шампионите на Европа, со познатите имиња Козлина, Станиќ, Мојсовски, Миркуловски, а предводени од клупа со големиот стратег Лино Червар. Нашиот млад тим, предводен Пепи Манасков, на чело на екипата со Јанев, Цаци, Ордев, Стефче и Бубе-капитен, ќе го дадат и последните сили, ќе го остават срцето на терен и достојно ќе му се спротивстават на противникот. Затоа ги повикуваме сите кумановци да дојдат во 18.30 часот во Сортската сала во Куманово и да ни дадат подршка која ни е потребна- изјави Мартин Костовски, претседател на клубот.