Ракометарите домаќини на Тинекс
23.03.2012 09:11
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово утре ја пречекуваат екипата на Тинекс Пролет од Скопје. Натпреварот ќе се игра во Спортската сала со почеток во 18 часот.

По подолга пауза, раководството на клубот постигна договор со навивачката група Кумани за подршка од трибините на сите натпревари до крајот на сезоната.
Влезниците за натпреварот се 50 денари, а можат да се купат во центарот на градот утре од 12 до 15 часот, и кај Спортската сала пред почетокот на натпреварот.