Ракометарите на Куманово меѓу најдобрите четири во Купот
13.04.2012 19:36
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Македонија, со победа против екипата на Овче Поле со резултат 28:23. Куманово заедно со Пелистер, Вардар и Металург ќе играат во завршница на Купот.

Куманово имаше сигурна и стабилна игра во текот на целиот натпревар и константно водство од 2 до 3 гола во текот на целиот меч.
На полувреме резултатот беше 13:11 за да натпреварот заврши со резултат 28:23.