Ракометарите не патуваат за Лондон
07.04.2012 16:20
| KumanovoNews
Ракометарите на Македонија останаа без пласман на Олимписките игри во Лондон одкако загубија од Шведска со резултат 23:27.

Македонија одлично го започна натпреварот поведувајки со 2:0 уште во првите минути од натпреварот. Следуваше серија на швеѓаните со која направија предност од два гола, и ја одржуваа до крајот на натпреварот. Судискиот критериум дозволуваше поцврста игра која им беше во корист на шведските ракометари, а имаше и неколку сомнителни одлуки кои одеа во полза на домаќинот на турнирот.
Најефикасни во нашата репрезентација беа Миркуловски и Лазаров со по пет гола.
Утре Македонија игра натпревар против Бразил.