Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово утре во 16 часот играат против тимот на Струга.
Во вториот натпревар пред домашна публика, кумановчани ќе се обидат да ја забележат првата победа во првенството. За противник ќе ја имаат екипата на Струга, која досега одигра два натпревари и забележа две победи, против екипите на Метрополис и Текстилец.
Струга е на делба на првата позиција со шест бода, а Куманово е четврто со еден поен.
Во минатото коло, Куманово одигра нерешено со Преспа 2010, и натпреварот заврши со резултат 29:29. Мартин Ангеловски и Христијан Димковски постигнаа 10 гола што не беше доволно за победа во овој натпревар.
Натпреварот започнува во 16 часот, а се игра во салата на Економското училиште.