Ракометарките ги пречекуваат прилепчанки
20.04.2012 09:00
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово утре ќе играа со екипата на Жито Прилеп.

Натпреварот започнува во 16.30 часот во Спортската сала. Екипата на Жито Прилеп е втора најдобра екипа во Македонија и игра во регионалната лига.
Затоа ги повикуваме сите љубители на спортот да ни ја дадат потребната подршка на овој меч, бидејќе ветуваме интересна и возбудлива игра, се вели во дописот од клубот.