Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На синоќешниот натпревар меѓу женските ракометни репрезентации на Македонија и Литванија, нашите ракометарки извојуваа победа со резултат 32-24.
Паралелно се играше натпревар меѓу Франција и Турција при што Турција загуби со резултат 23- 36. За влез во втората група нашата репрезентација ќе треба да ја победи и Турција. Од почетокот нашите ракометарки покажаа стабилна игра. Најефикасна беше Елена Георѓиевска со постигнати осум гола и Драгана Пецевска со шест гола. Јулија Николиќ и Марјета Бајрамовска подеднакво ефикасни, дадоа по пет гола. Голманот Тања Андреева имаше седум одбрани.