Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово утре ја започнуваат новата сезона во најквалитетното женско ракометно првенство. Тие ја пречекуваат екипата на Прилеп.
Натпреварот ќе се игра во во салата на економското училиште со што ЖРК Куманово ќе дебитира во женската Скопско Суперлига против тимот на Прилеп. Минатата сезона ракометарките завршија на првата позиција на табелата во Прва лига, со што обезбедија пласман во најквалитетното домашно натпреварување.
Почетокот на мечот е закажан за 20 часот.
Досега се одиграни само 2 натпревара во рамките од првото коло, во кои ЖРК Пелистер го совлада ЖРК Ѓорче со резултат 26-17, а ЖРК Металург беше поуспешен од ЖРК Овче Поле со резултат 39-24.