Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската женска ракометна репрезентација, во која учествуваа и ракометарки од ЖРК Куманово, во Турција одиграа неколку контролни натпревари како тест проверка на формата на ракометарките.
Во првиот натпревар против Италија, завршија со резултат 29:29, каде нашите ракометарки постигнаа солиден резултат: Кипријановска и Гичевска постигнаа по 2 гола, а Јанкуловска запиша 1 гол.
Во вториот натпревар, против Турција Б, македонската репрезентација заврши со победа со резултат 37:19, каде ракометарките на Куманово се покажаа во одлично светло.
Постигнати голови: Боризовска постигна 7, Кипријановска 6, Јанкуловска 2, Марковиќ 1.
Во третиот пријателски натпревар, нашата репрезентација го доживеа првиот пораз од А тимот на Турција со резултат 42-33. Од Куманово најмногу голови постигна Јована Кипрјановска-6 голови.
Денес, македонската репрезентација се среќава со Косово, а по натпреварот се враќа дома.