РК Куманово против Овче Поле во полуфиналето на Купот
26.03.2012 11:44
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во полуфиналето од Купот на Македонија ќе играат против екипата на Овче Поле. Натпреварот се игра во петок во Спортската сала во Куманово со почеток во 17:30 а ќе се врши директен пренос и на првиот канал на МТВ.

Реални се шансите на Куманово да направи голем успех во оваа натпреварување. Куманово се наоѓа пред Овче Поле на табелата, а во прилог оди и одличната форма на нашите ракометари.
Во последниот натпревар, Куманово беше подобро од Тинекс Пролет со резултат 21:18, со што ја забележаа првата победа во Плеј-оф.